“Четириножни спасувачи“ – кучињата наскоро ќе можат да детектираат коронавирус

Точка

27/03/2020

13:55

2.132

Големина на фонт

а а а

Кучињата кои што се обучуваат да препознаваат малигни болести, наскоро ќе имаат важна улога и во препознавање на коронавирусот.

Кучињата кои што би барале Ковид-19 би биле тренирани на истион начин како оние кои што веќе ги тренираат за препознавање на болести како што се рак, Паркинсонова болест и бактериски инфекции.

Тие исто така се способни да детектираат промена на температурата во телото па потенцијално би можеле да покажат доколку некој има зголемена телесна температура.


„Некои од истренираните кучиња би можеле да се користат за идентификација на патници кои што влегуваат во земјите и кои што се инфицирани од коронавирусот. Во суштина сигурни сме дека кучињата можат да детектираат Ковид-19. Сега истражуваме како безбедно би можеле да го уловиме мирисот од пацинетите и да го презентираме на кучињата“ – вели Клер Гест, основач на здружението кое што се занимава со истражување.

Целта е кучињата да скринуваат било кој, вклучувајќи ги и оние кои што немаат симптоми и да ни кажат кого треба да го тестираме.




Спонзорирани линкови

Маркетинг