Драматичен пресврт, сега клубовите во Премиер лигата размислуваат за поништување на сезоната: Ливерпул останува со празни раце

Дерби

27/03/2020

13:16

1.391

Големина на фонт

а а а

Медиумите на Островот пренесуваат дека сега голем дел од клубовите се подготвени да се согласат и сезоната во Премиер лигата и официјално да биде откажана и истата да стартува од почеток следната година.

Во моментов официјален став е дека сите натпревари се суспендирани до 30 април, а потоа ќе се донесе нова одлука дали првенството ќе продолжи или дефинитивно ќе биде откажано.

Извори за медиумот „Атлетик“, кој иако е нов во Англија важи за доста респектабилен, говорат дека голема е веројатноста 14 од 20 клубови од англиската Премиер лига да се согласат оваа сезона да ја прогласат за ништовна и истата да се поништи.

Најголем губитник од сета таа ситуација би бил Ливерпул кој 30 години чека на одличјето од Премиер лигата и сега им требаат само две победи за да ја обезбедат својата 19. првенствена титула во историјата.

Еден висок претставник од се уште неименуван клуб за „Атлетик“ го најави можното сценарио:

– Апсолутно е јасно што ќе се случи. Ова е светска пандемија. Ја започнувате истава сезона следната година и така ќе имате многу малку губитници. Ливерпул е најголем, знам. Но кога добро ќе се размисли, искрено, тоа и не е толку важно, лигата треба да стартува од почеток. Коивд-19 допрва ќе се шири ов Британија, играчите нема да се вратат на тренинзите. Ако останеме дома следните два, три месеци, ќе се справиме со ова едноставно, - изјави изворот за „Атлетик“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг