Како до подобар имунитет? Не само за време на пандемијата, туку на долгорочен план

Точка

01/04/2020

09:03

10.109

Големина на фонт

а а а

Имајќи ја предвид актуелната ситуација со коронавирусот кој ширум светот зарази илјадници луѓе, се наметнува прашањето: Што може да направиме за да го подобриме нашиот имунитет? Токму тој е најмоќното оружје во борба против овој вирус, но и против сите останати болести.

Вистина е дека имунитетот не се гради преку ноќ, но преземењето навремени мерки може да биде само плус за вашииот организам.


На долгорочен план, нашиот имунитет се гради со квалитетна исхрана, физичка активност и секако, доволно време за одмор на телото. Кога станува збор за исхраната, во прилог неколку информации: 

Отстранете ја храната која го компромитира имунолошкиот систем


Храната која изобилува со рафинирани јаглехидрати и шеќери, е веројатно е на врвот кога станува збор за храна која го нарушува имунитетот. Кога јадете храна богата со шеќери сте многу поизложени на разболување, а веројатно многумина можеле бар некогаш да забележат дека кога консумирате храна со повеќе шеќери, се јавува чувство на нелагодност, намалена енергија, подуеност. Доколку и кога сте болни продолжувате со консумирање на рафинирани шеќери, на вашето тело му го отежнувате процесот на заздравување и затоа е најдобро да ги избегнувате истите. 

Имплементирајте храна која го покрева имунолошкиот систем

Општо здравата храна го подобрува имунитетот и ги подобрува функциите на организмот. Сепак, одредени намирници се сметаат за особено важни во процесот на подобрување на имунитетот: 

- Цитрусно овошје
- Зелени и црвени пиперки
- Брокула
- Лук 
- Ѓумбир
- Спанаќ
- Бадеми
- Куркума
- Зелен чај
- Протеини (бело месо, јајца, риба) 

Овошјето изобилува со витамини и антиоксиданси, потребно е секојдневно да консумирате бар по една овошка. Пиперките се на врвот на листата на храна која содржи најмногу Ц витамин. Лукот, ѓумбирот, куркумата се сметаат за храна која има анти-инфламаторно дејство, односно, не дозволува да се развиваат поголеми воспаленија во организмот.  


Протеинот е клучен во создавањето на клеточни блокови и антитела кои му помагаат на имунолошкиот систем да си ја врши функцијата. Месо, риба, млечни производи, јајца како и многу јаткасти плодови изобилуваат со протеин и здрави масти. 

Во овој период кога и не е препорачливо често да се излегува, може да си набавите храна која изобилува со протеин и е со намалени шеќери и истата да ви биде доставена до вашиот дом. Про Фит со својот широк асортиман на протеинска храна ви стојат на располагање за набавка и бесплатна достава до вашиот дом.

Што може да си нарачате од Про Фит?

Протеински барови, чипсови, разни грицки, протеински ориз, пица, супи, лепчиња, шејкови, паста и многу други продукти кои може да заменат оброк. Повеќе информации за асортиманот на храна погледнете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг