Ривалдо е загрижен и тажен поради Роналдињо: Ова е мрачно поглавје, се надевам…

Дерби

27/03/2020

17:10

1.183

Големина на фонт

а а а

Ривалдо е тажен и загрижен што неговиот пријател, сонародник Роналдињо се наоѓа зад решетки веќе одредено време. Поранешната ѕвезда на ПСЖ, Барселона и Милан се најде откако со фалсификувани лични документи влезе во Парагвај по што се најде во големи проблеми, па на ова место пред неколку денови и го прослави својот 40 роденден.

-Не сум комуницирал со Роналдињо откако е уапсен во Парагвај, ама гледам, читам за тоа со загриженост и тага. Ова не е добро за неговата репутација, ова е мрачно поглавје во фантастичната приказна, -истакна Ривалдо и додаде:

-Роналдињо е одлична личност, забаван и секого го сака, ама тешко е да се сфати што се случило во оваа ситуација со пасошот. Му давам поддршка и се надевам се ќе мине како што треба, но сметам е депримирачки да го минете роденденот затворени во странска земја. Се надевам ќе излезе посилен од ова, -заврши некогашниот ас на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг