Устари за посветеноста на Меси кон Аргентина: Тој плачеше како дете…

Дерби

27/03/2020

17:11

1.185

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси освои многу титули на клупски план, сруши многу рекорди и одигра клучна улога во успесите на Барселона во последните 15-тина години, но ова не успеа да го повтори со неговата Аргентина.

Меси играше неколку финалиња со „гаучосите“ како на Копа Америка, Светското првенство, ама заедно со неговите колеги не успеа да донесе успех и радост на нацијата, па затоа многупати играчот на Барселона е критикуван, а дел од сонародниците дури и се сомневаат во неговата посветеност кон националниот тим.

Меѓутоа има многу примери, изјави од многи играчи, тренери… за тоа колку Аргентина му значи на Лео и колку го боли тоа што едноставно нема значајни успеси. Токму околу ова зборуваше и некогашниот голман на Бока Јуниорс, Хетафе и сегашен на Пачука, Оскар Устари кој даде личен пример, сведоштво за тоа како Меси се чувствува кога губи репрезентацијата.

-Ако Меси не стане светски шампион, фудбалот ќе биде нефер кон него. Голема глупост е да се сомневате во Меси. Работите можат да одат во добра или во лоша насока, но можам да ви кажам дека сум го видел како плаче како дете заради тоа што се случуваше во репрезентацијата. Многу е тешко да се биде во негова кожа. Се сеќавам на Копа Америка во 2011 година, кога ние загубивме, јас закрепнував од повредата на коленото и отидов да го видам Меси, го видов како никогаш порано, беше уништен, -откри Устари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг