Шпанците подготвија план: Постојат три сценарија да се заврши сезоната во Ла Лига!

Дерби

27/03/2020

17:11

1.131

Големина на фонт

а а а

Шпанија е една од земјите кои се најпогодени од пандемијата со коронавирус, но ова еднаш ќе мора да заврши и Шпанците веќе подготвуваат план за тоа како да продолжат или во конкретниот случај тоа е фудбалот.

Оваа сезона е во прекин, но истата ќе мора да финишира и за тоа барем засега едногласни се клубовите со оглед на тоа што во игра се големи средства, па колку е можно да се намалат последиците и финансиските загуби. Ла Лига и шпанската асоцијација на фудбалери веќе работат на омекнување на ударот што ќе го има коронавирусот врз шпанскиот фудбал, па идејата е да се продолжи да се игра, да се заврши натпреварувачката 2019/2020 и за тоа има три сценарија.

Сезоната да продолжи во мај

-Според ова сценарио идејата е да се започне да се игра на средината на месец мај и да се игра до 30 јуни или 15 јули. Ова значи дека ќе се играат мечеви на секои три дена со или без навивачи на стадионите. Ако треба кампањата да се заврши зад затворени врати, тоа и ќе се направи. ФИФА ќе донесе одлука за договорите на играчите кои завршуваат на 30 јуни.

Сезоната да продолжи во текот на летото (август и септември)

Со оглед на тоа што ЕП е одложено, ова е поостварлива опција и би значело дека следната сезона би требало да биде презакажана, поточно да се пролонгира. Овој календар значи дека Ла Лига ќе трае до август или септември

Сезоната да продолжи во септември

Ова е најрадикално сценарио, но од ден за ден селува како многу реално. Ова ќе значи дека сезоната 2020/21 да претрпи големи промени и да биде презакажана, преместена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг