Официјално станавме 30 членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Макфакс

27/03/2020

18:00

1.970

Големина на фонт

а а а

Денеска преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, од денес нашата земја и официјално стана триесетта членка на Алијансата.

По тој повод, беше одржан видео разговор помеѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот Филип Рикер, вршител на работите помошник секретар за Европа и Евро-азија во Стејт Департментот, а на кој присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз.


„Ова е историски момент којшто им припаѓа на сите граѓани на нашата земја и на плејада политичари и визионери кои макотрпно во текот на изминатите три децении работеа да се оствари идејата за побезбедна и попросперитетна татковина. Членството на нашата земја во НАТО се случува во вонредни околности кога светот и човештвото се справуваат со можеби најголемиот глобален предизвик по Втората светска војна. Заради овие состојби чинот на одбележување на денешниот настан е скромен, но тоа на ниту еден начин не го намалува историското значење на овој успех“, рече Димитров.

Во контекст на денешниот чин во Вашингтон, во понеделник на 30 март, во Седиштето на НАТО во Брисел ќе биде организирана церемонија на подигање на македонското знаме, на која се планира да и’ претходи слична свеченост во Врховната команда на НАТО сојузничките сили за трансформација во Норфолк во Вирџинија, САД.

На 2 април, за првпат како земја-членка, Димитров ќе ја преставува Северна Македонија на министерско ниво.



Спонзорирани линкови

Маркетинг