Пауло Дибала, фудбалер на Јувентус, пред неколку дена објавил дека тој и неговата девојка се позитивни на коронавирус.
"Имав силни симптоми, но веќе денес се чувствувам многу подобро. Можам да се движам, да одам дури и се обидов да тренирам. Одвај дишев, не можев да направам ништо по пет минути. Ме болеа мускулите. За среќа, Оријана и јас сега се чувствуваме многу подобро", рекол Дибала.
Аргентинските медиуми пренесуваат дека братот на Дибала, Густаво, е предмет на полициска истрага поради кршење на мерките за карантин во Кордоба.
Него соседите наводно го обвиниле дека ги кршел правилата, бидејќи во самоизолација минал два дена.