Енрике Иглесијас загуби член од семејството поради коронавирусот

Точка

27/03/2020

20:40

3.732

Големина на фонт

а а а

Очувот на планетарно популарниот пејач, Енрике Иглесијас (44), Карлос Фалко, почина на 83-годишна возраст, како последица од коронавирусот.

Енрике на својот Инстаграм профил сподели фотографија од детството на која е со својата мајка и очувот и се прости од својот 'втор татко'.

„Поминуваме низ многу тежок период. Оваа криза погоди многу семејства, па така и моето. Остануваме дома се чуваме себе и своите сакани. Ви испраќам многу сила и љубов“, напиша Иглесијас.

Пејачот имал 5 години кога неговата мајка се венчала со Карлос. Тие двајца биле неколку години во брак, а странските медиуми пишуваат дека Енрике со очувот останал во добри односи и дека моментално поминува низ тежок емотивен период.

„Моите мисли и молитви се со тебе и твојот покоен очув“, „Ќе го надминеш и ова“, „Веруваме во тебе“, му пишуваат фановите на пејачот во коментари под фотографијата.

Полусестрата на Енрике, Тамара, на својот Инстаграм профил ги упати последните зборови за својот татко.

„Нашиот татко беше неверојатна личност, и многу ја сакаше својата земја. Засекогаш ќе живее во нашите спомени“, напишала Тамара покрај фотографија од детството на која позира со татка си.




Спонзорирани линкови

Маркетинг