Роналдо и неговите соиграчи се одрекоа од милионите за да нема откази во Јувентус

Точка

28/03/2020

15:01

2.221

Големина на фонт

а а а

Поради пандемијата на коронавирусот, фудбалот во светот запре, а клубовите се обидуваат да се прилагодат на кризата.

Управите со денови се состануваат со играчите за да пронајдат доволно добри модалитети за да можат да опстанат во моментите кога фудбалот е во втор план. Фудбалските клубови, посебно оние најголемите, трпат страшно големи загуби поради фактот што не се игра фудбал. Приходите од ТВ правата и влезниците не ги полнат клупските благајни, а штетата се мери во милијарди. 

Поради тоа повеќето клубови одлучија да им ја намалат платата на играчите и клупскиот персонал , а најрадикални мерки на заштеда воведе Барселона. Каталонците одлучија да намалат дури 70 отсто од примањата во сите свои спортски секции, што предизвика огромно незадоволство, особено помеѓу кошаркарите. Некои од нив наводно побарале и раскинување на договорот.

Повеќето светски медиуми повикувајќи се на “Tuttosport”, денеска пишуваат дека играчите на Јувентус без проблем се согласиле на скратување на нивните приходи, а таа одлука ја соопштила управата на клубот откако зелено светло дале капетанот на Старата дама, Џорџо Кјелини и првата ѕвезда на Старата дама – Кристијано Роналдо.


Роналдо кој годишно заработува дури 31 милион евра, одлучил да се одрече од износ од 3,8 милиони евра за клубот да може да му исплати плати на клупскиот персонал без да посегне по откази.

Инаку, Португалецот со својот менаџер Хорхе Мендеш донирал голема количина на медицинска опрема во болниците во Лисабон и Порто за борба против коронавирусот.

И Роналдо и Мендеш на лисабонската болница “Santa Clara” ѝ донирале по 10 кревети опремени со респиратори, ЕКГ монитори, инфузиски пумпи и инјекции, додека болницата “Santo Antonio” во Порто примила донација од 15 кревети за интензивна нега, респиратори, ЕКГ монитори и останата опрема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг