1.082 граѓани дојдени од странство се во државен карантин, денес се очеуваат авиони од Минхен и Љубљана

Макфакс

28/03/2020

15:07

728

Големина на фонт

а а а

Два авиони од Љубљана и Минхен со наши државјани од се очекува денес да пристигнат во земјава, извести техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Вчера во земјава со хуманитарен авионски превоз од Малме и Загреб се вратиле 290 граѓани. Сите се однесени во државен карантин.

„Во моментов вкупно 1082 граѓани се сместени во државен карантин. Досега вкупно 19 објекти се приспособени за оваа намена, а распоредот за сметување го прави Генералниот секретаријат на Владата. Полициските службеници преземаат мерки за обезбедување на транспортот и спровод на лицата од државните граници до објектите како и внатрешно и надворешно обезбедување на државните карантини“, рече министерот Чулев.

Тој не кажа бројка на лица однесени во карантин поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација но рече дека надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за оваа категорија граѓани кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација, а кои согласно одлуките на Владата ќе бидат сместени во државен карантин на сопствена сметка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг