Разлики не постојат само кај луѓето: Женките живеат подолго од мажјаците во просек

Точка

28/03/2020

15:31

1.658

Големина на фонт

а а а

Научниците откриваат дека и другите женки цицачи имаат подолг животен век од мажјаците, и дека тоа е тренд кој не е карактеристичен само за луѓето.

Истражувачите од лабораторијата за биометрија и еволуциска биологија потврдуваат дека во сите човечки популации просечниот животен век на жената е подолг отколку кај мажот, но откриле и дека тоа е случај и со другите цицачи. 

До ваков заклучок дошле по испитување на 101 различен вид на цицачи, од лилјаци до лавови. Откриле дека женките цицачи живеат 18,6 проценти подолго од својот машки "колега" - што е подолго од јазот кој изнесува 7,8 проценти меѓу мажите и жените.

Исто така ја проценувале и популацијата на орки и горили како дел од истражувањето, а во 60 проценти од случаите женките цицачи живеат подолго од мажјаците, открила истражувачката екипа.

Во човековите заедници жените во просек живеат 7,8 проценти подолго од мажите, иако тоа варира од земја до земја.

"Додека социјалните фактори го зајакнуваат јазот во долговечноста, поголемите изгледи за преживување на жените во однос на мажите се забележуваат дури и кога двата пола имаат исти социјални навики", наведува истражувачкиот тим, пренесува "Daily Mail".



Спонзорирани линкови

Маркетинг