Шпанската принцеза Мариа Тереса (87) од кралското семејство Бурбон-Парма починала откако се заразила со коронавирус, пренесува „Mirror“.
Братот на принцезата, 79-годишниот принц Сикстус Хенри од Бурбон-Парма, ја потврил веста за медиумите. Мариа Тереса е една од досега 5-те илјади починати жители во Шпанија од коронавирусот.
Родена е во 1933-та година во Париз, како една од 6-те браќа и сестри. Никогаш не се венчала и нема деца.
Неодамна е објавено дека од коронавирусот е заразен и британскиот принц Чарлс, но дека има благи симптоми.