Роналдо апелираше да се остане дома, па со својот потег го навлече гневот на јавноста во Португалија

Дерби

30/03/2020

11:41

2.791

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо изминатите неколку денови ги искористи да упати апел да не се излегува од дома во време кога пандемијата на коронавирусот зема се поголем замав.

Сепак, самиот тој Роналдо не ги почитува тие мерки и беше фотографиран како со својата сопруга Георгина и четирите деца шетаат низ улиците на Португалија.

И во Португалија се порачува доколку луѓето немаат некоја неопходна работа да останат дома, но Роналдо иако апелираше, се чини не ги почитува овие мерки. Токму затоа на социјалните мрежи имаше лавина критики на сметка на Португалецот кој веќе еден месец е во Португалија каде го затекна ситуацијата со коронавирусот.

Тој пред околу три недели се врати во Мадеира откако неговата мајка, Долорес Авеиро преживеа мозочен удар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг