Овој ‘детаљ’ од Коби Брајант е најскап на светoт – продаден за вртоглава сума на пари

Супермен

30/03/2020

14:25

1.966

Големина на фонт

а а а

Коби Брајант овој пешкир кој што бил продаден за вртоглава сума на пари го носел на последниот натпревар против Јута.

Пешкирот на НБА легендата Коби Брајант кој го носел на последниот натпревар во неговата кариера, вчера бил продаден за 33.000 долари на аукција која што ја организирала компанијата „Iconic auction“.

Коби пешкирот го носел на прошталниот натпревар против Јута на 13-ти април 2016-та година, а истиот го имал поставено на грбот откако ја напуштил салата по 60 постигнати поени.

Брајант, целата своја кариера ја помна во Лејкерс со кои што ја освои и шампионската НБА титула.

Како што знаеме, легендата на Лејкерс го загуби својот живот во јануари, оваа година во хеликоптерска несреќа, а заедно со него и неговата ќерка Џиџи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk