На продажба е првиот тркачки Голф на светот!

Точка

30/03/2020

16:54

2.081

Големина на фонт

а а а

Фолксваген Голф е со нас повеќе од 45 години и за тоа време германскиот компактен хечбек стана еден од најпродаваните модели на сите времиња со над 35 милиони испорачани примероци.

Љубителите на култниот модел на Фолксваген имаат своја омилена генерација, а за многумина тоа е оригиналниот Голф Мк1.

Кога се појави во 1974-та година, Голф 1 со својот дизајн кој го потпишува Италијанецот Џорџето Џуџаро беше целосна спротивност на тогашниот „бестселер“ на Фолксваген – Буба, како по обликот на каросеријата, па така и во поглед на механичката концепција.


Заоблените линии на Буба ги замени „коцкестиот“ облик на Голф кој наместо агрегат на воздушно ладење позади, доби мотор на водено ладење сместен во предниот дел на возилото. Исто така, погонот од задните, беше префрлен на предните тркала.


Само една година по премиерата, беше произведен ово „црвен примерок“ кој е прилагоден за тркачките патеки. Дебито беше посебно впечатливо, со оглед на тоа што овој Голф го зазеде првото место на трка на Хокенхајм со Бернд Лилиер зад воланот. Возилото „преживеа“ до денес и се наоѓа во одлична состојба, а фановите на Фолф ќе се „натпреваруват“ за него на аукцијата која ја организира “RM Sotheby”.


Додека „стандардниот“ тркачки Голф 1 имаше 1,6-литарски 4-цилиндарски мотор со 162 коњски сили, овој добива сила од 1,8-литарски агрегат кој развива 175 коњски сили. Покрај тоа, автомобилот има специјален Weber 45 DCOE карбуратор, BBC тркачки тркала и тркачки систем за сопирање.


Овој Голф 1 бил реставриран во Фолксваген во 2011-та година и токму поради тоа е во одлична состојба денес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг