Музичарот Џон Прајан е во болница поради коронавирусот, а како што вели неговото семејство, моментално е во критична состојба.
Членовите на неговото семејство се огласија на социјалните мрежи и споделија информации за неговата состојба со многубројните фанови на Џон.
„Ова се навистина тешки вести. Но, бидејќи многумина од вас го сакаат и го поддржуваа Џон низ сите овие години, одлучивме сега да ви дадеме прилика да му испратите уште повеќе љубов и поддршка. Знајте дека ве сакаме и дека и Џон ве сака“, напишало неговото семејство.