Пандев: Еден квалитет на Мурињо направи разлика во Интер!

Дерби

30/03/2020

16:45

2.201

Големина на фонт

а а а

Горан Пандев во декември 2009-та година го доби судскиот спор со Клаудио Лотито за неправедната штета која му беше направена, а само еден месец подоцна, македонскиот фудбалер одново си го оставри сонот откако доби понуда од Жозе Мурињо за враќање во Интер, клубот кој прв му даде шанса во Италија.

Пандев соработуваше само пола година со Мурињо, но во тој период заедно освоија се што можеше да се освои, период на кој капитенот на македонската фудаблска репрезентација се навраќа со насмевка на лицето и со сеќавања кои ќе го пратат до крајот на неговиот живот.

Во интервјуто за „Калчомеркато“, Пандев открива дека се радувал како да победил во финалет кога судот пресуди во негова корист и му дозволи да направи трансфер, но најдоброто за него допрва следеше, бидејќи само шест месеци подоцна, ги освои титулите во Купот, Серија А и Лигата на шампионите.

– Работев со Мурињо само шест месеци во Интер и освоивме се. Тој е искрена личност, многу лојален, зборува многу со вас, се обидува да разговара со сите играчи. Секогаш ви кажува се во лице, лично, но и пред сите играчи во тимот. Во период на такви шампиони во еден тим како Интер, овој негов квалитет ја направи разликата, – вели Пандев и додава.

– По пресудата во моја корист, се радував како да сум победил во финале. Победив благодарение на адвокатот Грасани, тој го извлече најдоброто за мене. Се сеќавам дека наредниот ден отидов дома за Божиќните празници, а потоа ми се јави Карло на почетокот на јануари. Ми кажа само следното: Мурињо те сака. Не можев да поверувам, Интер е клубот кој ме доведе во Италија и чувствував дека треба да се оддолжам. Имав и други понуди, но го сакав само Интер. Мурињо ми се јави и ми објасни неколку работи. Бев само 20 процени подготвен, но Мурињо успеа да ја извлече од мене емотивната страна и брзо се вратив. Не можеше подобро да го направи тоа. Ако некој ми кажеше дека ќе ја освоевме триплетата, немаше да му поверувам. На крајот освоивме се заедно. Ова е доказ дека никогаш не може да знате што ви носи животот, – додава Гоче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг