Макси Лопез ја нападна Ванда: Избега од карантин и отиде во епицентарот на вирусот, имаш ли памет?

Дерби

30/03/2020

16:46

3.062

Големина на фонт

а а а

Макси Лопез јавно ја нападна неговата поранешна сопруга Ванда Нара откако таа со нивните три деца од Париз се врати во Италија.

Ванда Нара заедно со својот сегашен маж Мауро Икарди и децата одлучија да го напуштат карантинот, односно да летнат на Апенините, поточно во Koмо кој се наоѓа во Ломбардија, најголемото жариште на вирусот КОВИД-19 во Италија.

-Јас би сакал да знам под кои критериуми го прекршивте карантинот за време на глобалната пандемија. Целиот свет моли да не патувате и ти ги изложи нашите деца на патување во друга земја. Се преселивте во епицентарот на заразата во Италија, без да се грижите за последиците? Што не е во ред во твојата глава во овој момент. Најсветата работа на светот во моментов е здравјето на нашите деца. Јас сум бесен поради недостигот на свесност. Ако не можеш да го направиш за себе, стори го за нив. Денес ти си мајка на пет деца (две со Икарди), но се чини тоа не го сфаќаш, -истакна бесниот Лопез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг