И досегашните кризи успеале да ги надминат само поради тоа што биле поддршка едни на други.
Тим Бојл, претседател и директор на компанијата „Columbia Sportswear Company“, себеси ќе си ја намали платата на 10.000 долари за да може останатите вработени и понатаму да примаат плата во текот на коронавирусот.
Неговата одлука да си ја намали платата, ја донел откако неговата фирма како и многу ширум Северна Америка ја затворила вратата поради коронавирусот.
„Околу 3.500 вработени во малопродажба кои што биле во опасност да ја загубат својата работа и понатаму ќе примаат редовна плата“, изјавила портпаролката.
„Најмалку 10 раководители на оваа компанија доброволно се одрекле од 15 отсто од нивните плати“ - додала таа.
„Компанијата функционира веќе 81 година. Тоа е можеби јавно тргувачка компанија, но поголемиот дел од неа е во сопственост на семејството Бејл“ – вели портпаролката.
„И претходно биле во криза, но ја надминувале така што сите останале заедно. Тоа е култура на компанијата“.
Инаку, компанијата на Бојл во 2018-та година заработила 3.3 милиони долари...