Хрватите веќе некое време во 20 часот излегуваат на своите балкони и им аплаудираат на оние кои се борат против коронавирусот.
Па така, жителите на Мокошице одлучиле попатно да му оддадат почит и на Оливер Драгоевиќ.
Имено, излегле на своите балкони и во еден глас ја испеале „Цесарица“, еден од најголемите хитови на Оливер.
Потоа гласно аплаудирале и така им се заблагодариле на медицинските лица и на сите оние кои секојдневно придонесуваат во борбата против коронавирусот.