Видео: Хрватите излегле на своите балкони и ја запеале „Цесарица“ како благодарност за лекарите

Точка

31/03/2020

21:15

2.358

Големина на фонт

а а а

Хрватите веќе некое време во 20 часот излегуваат на своите балкони и им аплаудираат на оние кои се борат против коронавирусот.

Па така, жителите на Мокошице одлучиле попатно да му оддадат почит и на Оливер Драгоевиќ.

Имено, излегле на своите балкони и во еден глас ја испеале „Цесарица“, еден од најголемите хитови на Оливер.

Потоа гласно аплаудирале и така им се заблагодариле на медицинските лица и на сите оние кои секојдневно придонесуваат во борбата против коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг