„Најверојатно го прележав вирусот“ – познатиот водител открива какви симптоми имал, а не се лечел ниту пак бил во изолација

Супермен

01/04/2020

13:40

3.390

Големина на фонт

а а а

Радио-водителот Крис Еванс, во емисијата изјавил дека ‘мисли дека го прележал коронавирусот’, откако неколку членови на неговото семејство имале симптоми на болеста.

„Мислам дека ја имав (короната). Не велам дека сум квалификуван да кажам такво нешто. Толку многу од нас имаа некоја чудна настинка пред две или три седмици и доколку четворица од пет уважени луѓе на телевизија зборуваа за коронавирусот, доколку тие можат да го добијат... – беа тоа благи симптоми, малку шмркање, сува кашлица...’.


Крис, кој што има двајца синови Ноа (11) и Ел (7) и 17-годишни блзнаци Валт и Бу, додава:

„Немав грозница или пак температура, затоа не се самоизолирав. Ноа имаше грозница, а тој се самоизолираше 14 дена. Во меѓувреме мојата сопруга Наташа, доби кашлица и речиси сите видовме на телевизија како известуваат за коронавирусот дека луѓето кои што се заразени имаат црвено лице и очи кои што солзат, а јас помислив дека некој од нас е заразен“.

Крис својата емисија ја водел од својот брод поради ширењето на коронавирусот, а пред еден месец открил дека најверојатно ќе ја пропушти средбата со својата внука пбидејќи неговата најстара ќерка Џејд (34) треба да се породи во секој момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk