Нивниот бакнеж во уста стана планетарен хит: Шест години подоцна, фудбалерот проговорел за тој неочекуван потег

Супермен

01/04/2020

17:09

4.870

Големина на фонт

а а а

Еден од моментите кои го одбележаа фудбалот, а не се однесуваат само на играта беше виден по финалето на Лига Европа во 2014 година.

Во Торино тогаш играа Севиља и Бенфика, а Шпанците по пеналите славеа со 4:2.  

Следуваше забава во која тогашните фудбалери на Севиља, Иван Ракитиќ и Даниел Карико разменија бакнеж уста во уста. Карико неодамна, по шест години проговорил за овој детаљ за португалските медиуми.

“Бакнеж? Мислам дека Ракитиќ и јас немавме поим дека тоа воопшто се случило. Искрено да ви кажам, не се ни сеќавам на моментот. Тоа беше експлозија на емоции по натпреварот. Немам никаква дилема околу својата сексуалност и никогаш не сум му придавал важност на тој бакнеж”, изјавил Карико кој додал дека целата ситуација ја искористиле португалските медиуми поради огорченоста по поразот на Бенфика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk