Рајан Рејнолдс дел од приходите од продажбата на неговиот џин ги донира на келнерите кои добија отказ

Супермен

01/04/2020

16:47

1.600

Големина на фонт

а а а

Откако Рајан Рејнолдс и неговата сопруга, Блејк Лајвли, донираа милион долари на хуманитарни организации, актерот пронашол уште еден начин да им помогне на луѓето за време на пандемијата на коронавирусот.

Објави дека 30% од приходот од продажбата на неговиот џин ќе го донира за шанкерите и келнерите кои моментално немаат работа.

„Купете шише џин Aviation и истовремено помогнете им на келнерите. Сите победуваат. Ги доставуваме до вашиот дом - се надеваме дека и сега сте таму, но им недостасувате на вашите бармени. Затоа, дониравме 15 илјади долари во Здружението на бармени во Америка и ќе дадеме дополнителни 30% од секое шише испорачано до 1-ви мај“, пишува на официјалната страница „Aviation American Gin“. Оваа одлука Рајан Рејнолдс ја објави и на неговиот Инстаграм профил.

Рејнолдс исто така ги повика сите да се држат до мерките и препораките, за ситуацијата со коронавирусот што побрзо да заврши.

„Мораме заедно да се бориме за да го совладаме Ковид-19 и да ја поправиме ситуацијата во светот. Мислам дека сите знаеме дека во кризни ситуации можеме да се потпреме на познатите личности, тие се оне кои нѝ помагаат мајмногу. Се разбира, пред нив се здравствените работници, пожарникарите, полицајците, играчите на пинг-понг“, се пошегувал актерот и додал: „Останете дома, почитувајте ја социјалната дистанцираност, мијте ги рацете и заедно ќе го победиме ова.“


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk