Цената на нафтата скокна после твитот на Трамп: Еве што им порача на Русите и Саудијците

Точка

03/04/2020

08:45

5.365

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изјави дека очекува Саудиска Арабија и Русија да стават крај на војната околу нафтата и дека драстично ќе го намалат производството.

„Очекувам и се надевам дека ќе биде намалено производството за околу 10 милиони барели, а можеби и значително повеќе, нешто што ако се случи, ќе биде одлично за индустријата на нафта и гас“, порача американскиот претседател на Твитер.

Тој подоцна наведе дека производството на нафта би можело да биде намалено за 15 милиони барели.

После твитот на Трамп, цената на сировата нафта експресно скокна за 20%, но и натаму е за 60% пониска во однос на почетокот на годината.

Преголемото производство во светот, во комбинација со економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот доведе до пад на цената на нафтата на најниско ниво од 2002-ра година.

Саудиска Арабија повика на одржување на итен состанок помеѓу земјите членки на „ОПЕК“ и производители на нафта кои не се во таа група, неколку седмици подоцна откако започна „ценовната војна“ со Русија поради која падна вредноста на валутата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг