Оваа честа навика кај луѓето може драстично да го зголеми ризикот од зараза на коронавирусот

Точка

03/04/2020

11:56

1.613

Големина на фонт

а а а

Луѓето тоа го прават несвесно, а сега важно е да престанат со тоа... Итражувањето покажува дека во текот на еден час лицето го допираме и до 16 пати, а постои уште една навика која особено може да биде фатална во текот на пандемијата коронавирус.

Грицкањето нокти е честа навика кај децата, но и кај возрасните. Оваа навика која што често ја правиме може да има лоши последици во текот на пандемијата на коронавирусот.

Светските експерти, но и проф. д-р Горан Белојевиќ, специјалист по хигиена изјавил дека оваа навика е еден од најлесните начини за добивање на коронавирусот.

Баш поради тоа, познатиот специјалист во областа на алергијата и заразните болести во Лондон, советува дека луѓето мора да се одвикнат од грицкањето нокти затоа што доколку не го направат тоа, ризикот од добивање коронавирус е многу поголем од вообичаено.


Овој ризик е уште поголем доколку редовно не ги миете вашите раце па кога со такви раце ќе го допрете вашето лице, а особено устата – тоа е рецепт за директно пренесување на врусот.

„Многу е важно да се одвикнете од грицкањето нокти. За жал, многумина тоа го прават несвесно и не се свесни за последиците кои што може да ги добијат. Доколку ја имате оваа навика тогаш може да ви помогне носењето ракавици. Во одвикнувањето може да ви помогне и џвакање гума за џвакање“ – појаснува докторот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг