Бразилскиот фудбалер кој ќе остане запаметен најмногу по своите партии во дресот на Милан, Рикардо Кака во ексклузивно на Инстаграм профилот на ФИФА говореше за своите најдобри и најлоши моменти во кариерата.
Кака не сакаше многу да се присетува на најлошиот момент во кариерата, само кратко посочи дека тоа е оној од Истанбул 2005 година кога Милан ја загуби титулата во Лигата на шампионите иако на полувреме имаше предност од 3:0 во однос на Ливерпул.
– Најлош момент во кариерата? Истанбул, 2005 година…Нема да кажам ништо повеќе, - кратко одговори Кака, кој потоа се сети на неколку убави работи кои му се случувале во текот на играчката кариера.
– Немам само еден момент кој ми е најдраг во кареирата, но повеќето беа во дресот на Милан. Освојувањето на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство од 2007 година, па Златната топка и наградата за најдобар играч според ФИФА. Тоа се некои моменти на кои се сеќавам, - изјави Кака.