“Вирусот не се шири преку допирање на површини”: Научник од Германија ги изнел своите теории за коронавирусот

Точка

03/04/2020

16:25

44.717

Големина на фонт

а а а

Водечкиот виролог кој спроведува големо истражување во најтешко погодените подрачја во Германија вели дека коронавирусот не се пренесува со допирање на контаминирани површини, како што инаку се смета, пренесува “Daily Star”.

Професорот Хендрик Штрек, главен виролог на универзитетот во Бон, спровел истражување во Хајнсберг, место кое е најтешко погодено од Ковид-19. Професорот сугерира дека вирусот не се шири толку лесно како што мислиме. 

Штрек ги проучувал домовите на заразените фамилии и воочил дека во домот нема никаков жив вирус на било којa површина што е спротивно на верувањето дека коронавирусот може да преживее со денови на различни површини.

Вирусот не бил пронајден ни на кваките ниту на крзното на животните.


Во интервју за една германска телевизија, професорот навел дека ниту една инфекција досега не била докажана дека се случила при купување во маркет или во фризерски салон.

“Вирусот се шири на други места како што се забавите, клубовите, фудбалските натпревари, а не преку допирање на предмети”, тврди Хендрик и додава дека германската нулта пациентка ги заразила само своите колеги со коронавирус, не и гостите од хотелот во кој престојувала.

Ако овие тврдења се точни би можеле да се доведат во прашање сите постоечки теории за тоа како се шири Ковид-19 од лице на лице. Професорот Штрек води револуционерна студија за коронавирусот со седиште во Хајнсберг кој го нарекуваат и “германскиот Вухан”.

Германија е една од земјите која доби пофалби поради високите стапки на тестирања и релативно нискиот број на смртни случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг