Пандемијата не им ги расипа плановите: Audi E-Tron Sportback пристигна во продажните салони

Точка

03/04/2020

16:35

1.255

Големина на фонт

а а а

Вториот електричен џип на Audi пристигна на европскиот пазар во предвидениот рок, а во Германија ќе се продава по цена од 71,350 евра.

Автомобилските компании со сите сили се обидуваат да не го одложат почетокот на продажбата на своите модели чие што лансирање беше планирано за вториот квартал од 2020-та година. Така, Audi веќе ја започна кампањата за својот втор електричен модел E-Tron Sportback кој се заснова на регуларната верзија на E-Tron од минатата година.


E-Tron Sportback ќе биде достапен во две варијанти – основниот модел со ознака 50 Quattro има два електромотори со вкупна комбинирана сила од 308 коњски сили, додека максималниот обртен момент изнесува 540 Nm. Според WLTP стандардот, оваа верзија може да мине 347 километри, а од 0 до 100 километри на час забрзува за 6,8 секунди. Максималната брзина изнесува 190 километри на час.


Помоќниот E-Tron Sportback 55 Quattro исто така има 2 електромотори и погон на сите четири тркала, а располага со сила од 355 коњски сили и 560 Nm. Меѓутоа, со Boost функцијата, возачот во текот на осум секунди може да добие 402 коњски сили и 664 Nm максимален обртен момент.


Оваа верзија забрзува до „стотка“ за 5,7 секунди пред да ги достигне максималните 200 километри на час. 55 Quattro верзијата има и поголема батерија со капацитет од 95 kWh што овозможува автономија на возење до 445 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг