Покажала малку повеќе додека се сончала на тераса: Ангелот на Викторија Сикрет “фатен” во топлес издание

Супермен

03/04/2020

19:14

6.570

Големина на фонт

а а а

25-годишната холандска убавица и ангел на Викторија Сикрет, Рузмарин де Кок била фотографирана додека се сончала на терасата од својот дом за време на пандемијата на коронавирусот.

Таа го искористила слободното време во карантин за впивање на сончевите зраци, а во еден момент се соблекла топлес и ги покажала своите гради. 


А кога се свртела да го исонча и грбот, во таа прилика им овоможила на мажите глетка која нема да ја заборават.


Рузмарин го покажала затегнатото тело во жолт костим за капење кој ѝ го истакнувал совршено рамниот стомак, а на себе носела и црни очила.


Оваа убавица јавноста ја памети и по обвиненијата за кражба во 2014 година. Манекенката наводно од маркет во Њујорк украла чоколадо и шише рибино масло кои ги ставила во својата чанта и не платила за нив, а нејзиниот адвокат Сал Страцуло тврдел дека манекенката не украла ништо и дека дошло до грешка.


Тогаш Страцуло се договорил со судијата да се отфрлат обвиненијата за Де Кок доколку таа стои настрана од неволји во рок од 6 месеци и еден ден работи општествено корисна работа.

Тогаш 19-годишната Рузмарин била преплашена дека ваквиот инцидент ќе влијае негативно врз нејзината кариера, но 3 години подоцна доби “крила” и им се придружи на останатите ангели на Викторија Сикрет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk