Знаете ли која е најдобра температура за спиење?

Точка

03/04/2020

20:19

5.542

Големина на фонт

а а а

Ако имате проблем со спиење, освен на исхраната и вежбањето, треба да обрнете внимание и на температурата на просторијата во која спиете.

Тешко е да заспиете ако ви е претопло, но температурата никогаш не ја сметаме за важен фактор за квалитетно спиење, а тоа е погрешно. 

Исто така, погрешно е ако мислиме дека кога спиеме треба да се 'стуткаме', да нѝ биде пријатно и топло. Кога се наближува времето за спиење, нашето тело почнува да се лади, температурата паѓа за околу 2 степени, за да се доведеме до состојба за спиење.

Спиењето во ладна просторија помага во одржување пониска температура на телото, што резултира со квалитетен, длабок и долг сон.

Според американските експерти, како што пренесува „Yahoo Lifestyle“, најдобрата температура за квалитетен сон е помеѓу 15 и 20 степени Целзиусови.


Најнеприкладната температура сè уште не е дефинирана, но за таква се смета секоја при која чувствувате дека ви е топло, бидејќи во вакви услови е многу тешко да заспиете и да спиете без будење до утрото.

Денес ги грееме спалните соби, што некогаш не беше обичај. Порано луѓето спиеле во ладни соби и би било добро да земеме пример од нив. Ако спиете во иста просторија во која го поминувате денот, пред спиење добро е да ја проветрите и секако, да го изгаснете греењето.

Освен температурата во собата, за подобар сон треба да водите сметка и за тоа што вечерате - се советуваат лесни оброци или прескокнување на вечерата и никако стимуланси како кофеин - кафе не треба да пиете во попладневните часови и навечер, а треба да избегнувате шеќер и алкохол. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг