„Социјалната дистанцираност е најефикасна стратегија и најмоќно оружје во борба против ширење на коронавирусот“, изјавил професорот по вирологија од Медицинскиот факултет на универзитетот „RUDN“, Алексеј Мазус.
„Најефикасната стратегија за борба против коронавирусот е социјалното дистанцирање, тоа претставува најмоќно оружје. Така сигурно се намалува бројот на заболени од таа болест, која, како што сите знаеме, четири пати е позаразна од обичен грип“, истакнал Мазус.
Руски лекар смета дека сè додека не се измисли вакцина против Ковид-19, луѓето би требало да се плашат од ширење на болеста и да држат дистанца помеѓу себе.
Да потсетиме, во Русија се направени три препарати кои потенцијално можат да се применат за лечење на инфекцијата предизвикана од вирусот.