Музика низ “Слика” – нов звук во етерот

Точка

04/04/2020

12:20

1.634

Големина на фонт

а а а

Во денови кога сме затворени во своите домови, музичарите се секогаш тука да ни го направат денот. Овој пат станува збор за нешто навистина ново, проект кој обединува повеќе музичари, а идејата е на Нино Спиркоски.

Се работи за нов музички проект кој е насловен Lines Define или како што вели Нино Спиркоски, креаторот: “Наместо секој од нас да се затвори и да работи само на својот жанр, овој проект е всушност комбинацијата на различни стилови, жанрови и музичари со нивниот индивидуален израз.” 

Токму првата соработка која го крши мразот на овој проект е “Слика”. Во истата, вокал е Матеј Петров кој го има напишано и текстот. Музиката е дело на Нино Спиркоски , а во аранжманот се придружуваат и Матеј Петров, Виктор Николовски и Емил Спиркоски. 

За видеото се погрижи Бобан Костовски, а за уметничкиот дел се погрижи Ана Јовановска.

Во продолжение, погледнете го видео записот:




Спонзорирани линкови

Маркетинг