Истражување на IRL: Колку е тешко да се дојде до тестирање за COVID-19 во Македонија?

Точка

04/04/2020

12:33

3.708

Големина на фонт

а а а

Државите кои со коронавирусот се справуваат со масовно тестирање, како Јужна Кореја, важат за држави кои засега најдобро се справуваат со пандемијата. Сепак, тоа е скап модел, и не секоја држава може да си го дозволи.

Новинарите од "Investigative Reporting Lab" во своето видео ни покажуваат колку е достапна процедурата за тестирање за COVID-19, и кои се условите кои треба да ги исполните за да се тестирате. 

Новинарката од видеото прво се јавува во Центарот за јавно здравје, од каде прво ја прашуваат дали била во контакт со лице кај кое што е утврден COVID-19, а откако одговара потврдно, ја прашуваат кое е името на заразениот.

Потоа прашува која е процедурата доколку не била во контакт со заболено лице, по што и велат дека треба да се јави кај матичниот доктор, кој ќе направи алгоритам, и ќе ја прати на еден од пунктовите за тестирање.

Сепак, за да се добие упат од матичниот, треба да се исполнуваат условите - контакт со позитивен случај, или патување во последните 14 дена.

Потоа, новинарката се јавува и во приватните лаборатории, каде тестирањето се наплаќа, но и се чека прилично долго време. Погледнете го видеото:

Не пропуштајте: Пеколниот пат низ тестирањето од КОВИД-19 или како умре Р.З.



Спонзорирани линкови

Маркетинг