Проклетството на Кенеди и натаму трае: Исчезнала внуката на убиениот Роберт Кенеди со синот! Не се вратиле од пловењето со кану

Точка

04/04/2020

13:14

3.311

Големина на фонт

а а а

Ќерката на внуката на убиениот американски претседател Џон Кенеди и нејзиниот 8-годишен син се водат како исчезнати откако не се вратиле по пловењето со кану, објавиле властите во Мериленд.

Тие во четвртокот отишле да се возат по едно езеро во оваа сојузна држава во близина на Вашингтон и не се вратиле. Полицијата, крајбрежната стража и пожарникарите и натаму интензивно ги бараат, но гувернерот на Мериленд и ја соопштил на јавноста лошата вест за нивното исчезнување. 

Исчезнала 40-годишната Мејв Кенеди МекКин и нејзиниот 8-годишен син Гидеон. Мејв е ќерка на постарата ќерка на братот на Џон Кенеди - Роберт, министер за правда на САД - убиен во 1968-ма година, пет години по убиството на неговиот брат Џон Кенеди.

Со ова исчезнување, како да продолжува трагичната судбина на кланот Кенеди, едно од најугледните политички семејства во САД.

Претседателот на САД, Џон Кенеди, бил убиен на 22-ри ноември 1963-та година во Далас, а неговиот брат Роберт, на кого му биле давани добри шанси да биде претседател на САД бил убиен во 1968-ма во Лос Анџелес. Еден од неговите синови, Дејвид, починал откако се предозирал со кокаин во 1984-та, за синот на Џон Кенеди да загине во авионска несреќа со авион со кој пилотирал самиот.

Трагичната низа трагедии на семејството Кенеди ја продолжила една од внуките на Џон Кенеди, која се предозирала минатата година. Имала 22 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг