Докторите во Австрија предупредуваат: Најголем проблем е долгиот престој на интензивна нега...

Точка

04/04/2020

13:25

2.774

Големина на фонт

а а а

Австриските лекари истакнаа дека голем предизвик во лекувањето на потешко заболените од Ковид-19 е тоа што мора долго време пациентите да бидат приклучени на респиратори.

На Одделението за интензивна нега при универзитетската клиника во Инсбрук моментално има 13 пациенти заразени со коронавирусот. Шефот на одделението Михаел Јоанидис смета дека проблемот е во тоа што пациентите долг период мора да бидат задржани на интензивна нега.

„Во просек тие 14 дена се приклучени на респиратори, што е многу тешко оптоварување на организмот. Долгото лежење претставува голем предизвик за целата интензивно медицинска нега“, изјави тој.


„Посебно внимантелно делување е важно затоа што новиот вирус пред се ги напаѓа белодробните крила“, нагласи докторот и додаде дека често како поддршка користи други апарати како што се апаратите за дијализа и машина за одржување на работата на срцето и белите дробови.

Најголем дел од пациентите се на возраст од 60 до 70 години, а како што вели тој доктор, во ризичните групи спаѓаат и лицата кои имаат висок притисок, зголемена тежина или проблеми со белите дробови, како и дијабетис.


Во Австрија досега се регистрирани над 11 случаи на заразени со коронавирус, а како последица на вирусот починаа 186 лица, соопштија од тамошното Министерство за здравство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг