Нови мерки во борбата против Ковид-19: Зошто Турција им забрани на помладите од 20 години да излегуваат од своите домови?

Точка

04/04/2020

13:41

4.378

Големина на фонт

а а а

Турските власти започнаа да воведуваат и порестриктивни мерки во борбата против ширењето на коронавирусот во земјата.

Турција воведе строги мерки на изолација со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот во земјата кое што веќе започна да зема голем замав. Новите мерки кои стапија на сила точно на полноќ се однесуваат на граѓаните на возраст под 20 години на кои им е забрането да излегуваат од своите домови, потврди претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.


Понатаму, Ердоган соопшти дека во карантин се ставаат вкупно 31 град (вклучувајќи го и најголемиот Истанбул), а се воведува и мерка на задолжително користење на заштитна маска на јавните места.

Турција според последните информации има вкупно 425 смртни случаи и над 20 илјади заразени, а посебно загрижува динамиката на раст на заразените, поради што со право докторите стравуваат дека во земјата може да се повтори италијанското и шпанското сценарио.


Досегашните мерки исто така забрануваа излегување од домовите за постарите од 65 години. Ердоган не објасни зошто забраната се воведува и за помладите од 20 години, но се претпоставува дека тоа е група на граѓани која насекаде во светот најмногу ги прекршува правилата за самоизолација, носење на маски и одржување на дистанца.

Ситуацијата ја коментираше и министерот за здравство на Турција, Фахретин Коча кој истакна: „Движењето на младите можеби е и најслабата точка од нашата борба против овој вирус“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг