Орбан стана првиот диктатор во коронавирус кризата: Германија веќе најави санкции за Унгарија!

Точка

04/04/2020

14:08

17.495

Големина на фонт

а а а

Германските власти најавија санкции против Унгарија, истакнувајќи дека само така може да се осигура почитувањето на фундаменталните права.

Германскиот министер за надворешни работи порача дека унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да плати поради значителното зголемување на неговите овластувања како премиер на Унгарија.

Да потсетиме, со одлуката на унгарскиот парламент, на премиерот Орбан му е овозможено за време на кризата да владее со декрет, но проблематично е тоа што не е одреден временски период за овие посебни овластувања, а тоа ги загрижува земјите од Европската унија, посебно највлијателната и најмоќна членка – Германија.

„Овој потег би требало да има финансиски импликации“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за време на вчерашната прес-конференција.


„Тоа е единствениот начин со кој можеме да осигураме да се почитуваат фундаменталните права“, изјави шефот на германската дипломатија.

Орбан кој и порано беше на мета на бројни критики и беше обвинуван дека владее авторитарно, сега се наоѓа на уште поголем удар. Според аналитичарите, Унгарија со новите мерки и зголемувањето на овластувањата на Орбан станала „вистинска диктатура“ како директна последица на кризата со коронавирусот.

Неговите поддржувачи од друга страна ја поздравија оваа концентрација на власт во рацете на еден човек, тврдејќи дека тоа ќе ѝ помогне на Унгарија во борбата против ширењето на коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг