Медицинската сестра во солзи дала отказ: "Немаме заштитни маски, морам да избирам меѓу работата и семејството"

Точка

04/04/2020

14:05

11.662

Големина на фонт

а а а

Медицинската сестра на интензивна нега, која објавила потресно видео во солзи, открила зошто ја напуштила работата на првата линија во борбата против коронавирусот.

Имарис Вера во понеделникот ја напуштила единицата за интензивна нега во Централната болница во Винфилд, во државата Илиноис, кога дошла не смена и сфатила дека персоналот нема заштитни маски. 

Таа вели дека кога се понудила да носи сопствена лична заштитна опрема, нејзиниот менаџер го одбил тоа барање, повикувајќи се на политиката на Центарот за контрола на болести.

Имарис моментално живее со својата сестра Сабрика која има ретка крвна болест, која и го става животот во опасност ако се зарази со COVID-19, што довело до тоа Имарис на прво место да го стави своето семејство.

Во поплавата од солзи рекла: "Денес дадов отказ, сакав да работам и бев доделена на пациент со COVID на единицата ICU. Ниедна медицинска сестра не носи маска, дури ни хируршки маски во ходниците кога си ги предаваат извештаите", рекла таа.

"Имав своја N95 маска, му кажав на својот менаџер дека разбирам дека ни недостасуваат резерви, но поради заштита да ми дозволи да ја носам. Имам семејство каде морам да се вратам, а работите тука нема да станат подобри".

Сега Имарис вели дека сака да биде гласот на милионите медицински сестри кои работат во Америка.

"Знам дека сум потребна и сакам да помогнам, но имам чувство дека тоа е по цената на мојот живот или животот на моето семејство и тоа е неприфатливо.

Не би ги пратиле нашите војници во биолошка војна без гасни маски или вооружени само ножеви. На ист начин медицинските работници мора да бидат правилно заштитени.

Ако постои недостиг на заштитна опрема и ако сум подготвен да ја користам својата опрема од дома, не би требало да бидам казнет.

Не би требало да се грижам околу изборот меѓу работата и животот или животот на моите најмили", вели Имарис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг