Стивен Кинг: „Како никој не е подготвен за вирусот? За ова пишував многу одамна...“

Супермен

06/04/2020

17:55

3.052

Големина на фонт

а а а

„Не ми е јасно како никој не беше подготвен за ваква ситуација...“ - изјавил популарниот писател на хорор романи за Си-ен-ен.

Поминаа четири децении откако Стивен Кинг го напиша популарниот роман „The Stand“, за смртоносната епидемија која што усмрти поголем дел од човечката популација, а авторот на овој бестселер вели дека му е тешко да разбере како властите не увиделе дека коронавирусот пристигнува и како не презеле порано неопходни мерки.

„Само последните три или четири седмици луѓето ми велеа: Живееме во светот на Стивен Кинг. И се што можам да им кажам е дека би сакал да не е така“ – вели тој за Си-ен-ен, чија книга е продадена во над 350 милиони примероци ширум светот.

„На ова долго се чекаше, ја напишав „The stand“ за пандемијата која уништи половина од човечкото општество и фала му на Бог што оваа ситуација сега не е толку страшна како таа што ја опишав во книгата од 1979-та година. Не ми е јасно како никој не е подготвен на ваква ситуација“ – изјавил Кинг.


Кинг е познат по своите отворени критики кон Доналд Трамп, особено во врска со неговата реакција на пандемијата, а на својата листа на политичари од кои што е незадоволен се ноѓа и гувернерот на Флорида, републиканецот Рон ДеСантис.

Кинг, кој има куќа во Флорида и во Мејн, потсетил дека Трамп зборувал дека ‘ова не е ништо сериозно, да не се грижиме и дека сè ќе биде во ред’.

„А, потоа кога берзата почна да ‘умира’, кога реалноста беше поразлична почна да зборува: Само полека. Сè ќе се случи како некое чудо. Сè ќе биде готово до Велигден и ќе имаме полни цркви. За по неколку денови да зборува за карантин“ – истакнал Кинг па додал:

„Целата оваа ситуација ми делува како една заклучена штала, но сепак коњот е украден и тоа пред 10 дена“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk