Добро ќе се изморите и испотите: Ова е најдобриот кардио тренинг кој можете да го вежбате дома

Супермен

07/04/2020

10:50

2.117

Големина на фонт

а а а

Денеска ви претставуваме 30-минутен HIIT тренинг кој ќе ви помогне да останете во форма, дури и кога сте дома...

Тренингот се состои од неколку различни вежби кои имаат влијание на целото ваше тело. Ова е одличен кардио тренинг со помош на кој ќе го активирате вашето тело и добро ќе се изморите и испотите. Покрај тоа што ќе согорите голем број калории, исто така ќе ја зголемите и силата и издржливоста. 

Добрата работа кај овој тренинг е тоа што не бара да поседувате никакви справи и опрема, па затоа е многу корисен за сите лица кои поради вонредната состојба и коронавирусот не можат да посетуваат теретана и редовно да вежбаат.


Бидејќи станува збор за HIIT тренинг, тој се базира на тоа за краток временски период да согорите доволен број калории. Во поголемиот дел од случаите, слабеењето се постигнува така што подолг временски период правите одредена кардио вежба со умерено темпо. На пример, голем број луѓе трчаат околу еден час и со тоа ги топат вишокот килограми, меѓутоа HIIT тренингот е осмислен за луѓе кои не сакаат да губат премногу време на вакви тренинзи.

Тој може да трае од 5 до 35 минути во зависност од вежбите кои ги правите. Она што мора да го запомните е тоа дека кај овој тренинг сите вежби се прават со најголем интензитет. На тој начин го зголемувате согорувањето на калориите.

Погледнете:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk