Актерката на удар на критики откако ги изрекламира своите вибратори: „Нека ја замолчи некој оваа глупава жена“

Супермен

07/04/2020

17:15

4.896

Големина на фонт

а а а

Актерката Гвинет Палтроу се најде на удар на критики откако ги рекламираше своите секс-играчки во еден магазин, среде пандемија на коронавирусот.

Написот под наслов „Најдобри вибратори за соло уживање и игри со партнерот“, каде се прикажани различни верзии и целини од овој производ, не им се допаднал на корисниците на социјалните мрежи, кои сметаат дека моментално не е време за пишување такви работи.


„Треба да престане и да има барем малку достоинство“, „Очигледно дека еден од овие производи има и во увото, бидејќи не слуша што се случува околу неа“, „Ве молам, нека ја замолчи некој оваа глупава жена“, се само дел од коментарите.

Ова било објавено откако Палтроу и нејзиниот сопруг Бред Фалчук споделиле видео од нивниот разговор со советничката за брак и интима, Михаела Боем.

View this post on Instagram

?

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

За време на разговорот парот зборувал за тоа каков им е животот за време на карантинот, а Палтроу се пожалила дека поради моменталната ситуација нема никакви сексуални желби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk