Додека светот е заглавен во карантин поради пандемијата на коронавирусот, спортистите на разни начини се обидуваат да останат во форма за евентуалното продолжување на сезоната.
Најдобрите тенисери се моментално во акција на предизвици да го удираат топчето од ѕид со тениски рекет. Роџер Федерер предизвикал неколку спортисти во тоа, вклучувајќи го и Новак Ѓоковиќ.
“Еве една вежба за која не ви е потребен никој. Да видиме колку сте добри. Одговорете ми со видео и јас ќе ви дадам совети”, напишал Швајцарецот и набрзо добил одговор од Новак:
“Дали е ова доволно добро, Роџер?”.
Роџер во предизвикот рекол дека ќе им даде совет на сите на кои им е потребен, но кога ја видел снимата на Ѓоковиќ, тој го променил мислењето.
“Си ме победил со тој волеј повеќе од неколку пати така што мислам дека не ти се потребни совети”.