Видео интервју со Лејла Рамковска: „Започнав со јога на 30 години, не можев ни мост да направам, многу бев крута...“

Точка

08/04/2020

19:02

20.185

Големина на фонт

а а а

Тимот на Точка со задоволство ви го претставува првото 'storytelling' видео интервју, кое отсега ќе биде само уште една причина повеќе зошто да отворате и „Точка“.

Започнуваме со една од најпознатите инструктори по јога кај нас, Лејла Рамковска, која раскажува за своите почетоци, на начин на кој може да допре до секого, без оглед дали нешто спортува, или уште не решил да се занимава со такво нешто.

„Не постои група на луѓе која смее или за која не се препорачува да практикува јога. Секој може да практикува јога, само важно е да си го одбереш вистинскиот вид кој тебе ќе ти одговара, според карактерот“, вели таа.

„Кога би требало да опишам што направи јогата за мене, со еден збор - тоа е трансформација“, додава Лејла, која инаку негува исклучително смирена енергија.


„Не очекувајте резултати веднаш. Дадете си барем еден месец за да го почувствувате она добро чувство во телото.“




Спонзорирани линкови

Маркетинг