Точка ТВ: Д-р Горан Трајковски раскажува како Германците се справуваат со коронавирусот

Точка

16/04/2020

13:37

10.896

Големина на фонт

а а а

Во новата рубрика Точка ТВ, разговаравме со д-р Горан Трајковски кој што работи во интернистичка клиника во Баварија - Германија, моментално во Ургентен центар и Интензивна нега, а вклучително се занимава и со случаите на Ковид-19.

Тој раскажува за тоа како во Германија се справуваат со коронавирусот, а потоа и за неговото невообичаено искустсво во кое седум дена бил само на вода. Проследете го ова интересно интервју на Точка ТВ.

Можеш ли да направиш компарација во справување со вирусот помеѓу Македонија и Германија?

„Не само Германија и Македонија туку сите земји во светот ја составуваат својата одбранбена стратегија на вирусот врз неколку правила, а тоа се: социјално дистанцирање, подигнување на свеста на граѓаните и информирање на граѓаните со точни информации за вирусот, подобрување на личната хигиена на поединецот во обид на превенција на заразата, зголемување на капацитетот на болниците, како што во Германија беше направена нова болница специјална за Ковид-19, и секако, да се намали ширењето на паниката кај граѓаните“.

Кои се заблудите во врска со вирусот во кои граѓаните веруваат?

„Пиј ракија или пиј топла вода за да го убиеш вирусот во грло... Лесно ќе беше да биде толку едноставно, но овие работи се само илузија и за жал не функционираат така во реалноста. Вирусите се интраклеточни органи и тие не стојат во грлото, ‘не те чекаат’ да се напиеш ракија за да ги убиеш... Плус, за дезинфекција се користи алкохол кој во себе содржи над 60 отсто алкохол“.

Како го гледаш крајот на пандемијата?

„Според предвидувањата на виролозите може да заврши на два начина. Првиот начин е едноставно да го снема вирусот, како што се случи со САРС, но тоа е нереално зошто можеби Ковид-19 ќе стане сезонски вирус. Втора опција е да се постигне имунизација на населението“.

Како е да се биде популарен доктор на Инстаграм, како твоите колеги гледаат на тоа?

„Јас не се гледам како нешто посебно популарен, мислам дека сум истиот како претходно. Но, можеби сум популарен поради тоа што на социјалната мрежа Инстаграм го прикажувам целосно животот на еден лекар, па тоа можеби им е интересно на луѓето. Таму добивам многу пораки од луѓето и често им давам совети за нивното здравје“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk