Популарната пејачка Алиша Кис, на социјалните мрежи си ја отвори душата.
Како што напишала на самиот почеток на објавата, 'го чекала вистинскиот момент да го сподели ова' со обожавателите. Станува збор за потресно писмо кое на 14 години му го напишала на нејзиниот татко.
Имено, пејачката е родена во 1981-ва година во Њујорк. Нејзината мајка Тереса Аугело забременила со Крејг Кук, кој подоцна заклучил дека не е доволно зрел за улога на татко, па го напуштил семејството кога Алиша имала само две години.
„Во раните тинејџерски години му го напишав ова писмо на татко ми Крејг. Не сакав ништо со него. Моите зборови потекнаа од ранливост и копнеж“, напишала пејачката во својата објава, додавајќи дека се заколнала дека никогаш нема да ѝ е грижа што татко ѝ ја напуштил, но сепак ѝ било грижа и тоа искуство многу влијаело на неа.
„Тажна сум што моето срце е полно со горчина кон тебе. Бев твоето првородено дете, а ме третираш како никогаш да не сум се родила. Не постои нешто што можеш да направиш за да ми ги излечиш раните. Сè што сакам е да си ја гледаш својата работа. Не сакам твои повици ниту писма. А посебно не сакам сега лажно да се трудиш за да мислам дека ти е грижа. Само така можеш да ме усреќиш“, напишала пејачката.
Признава дека е шокирана дека нејзиниот татко сите овие години го чувал ова писмо, а сега одлучила да го сподели со сите.
Нејзината објава растажила многумина, а поттикнала и многу нејзини фанови да ги споделат своите искуства. Објавата има повеќе од 1,5 милиони прегледи, а собрала и повеќе од 6 илјади коментари.