Воочена огромна грешка – германскиот гигант ја повлекува последната серија автомобили од пазарот...

Супермен

18/05/2020

16:00

4.936

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Volkswagen“ ја запрела испораката на најновиот модел „Golf 8“, а од германската компанија признале дека нивниот модел има технички проблеми.

„Golf“ со децении е најважниот модел на таа компанија и еден од најпродаваните автомобили на пазарот, а сега се соочува со сериозни технички проблеми, пренесува германски „Шпигал“.

Од компанијата официјално соопштиле дека испораката е запрена поради ‘недоверлив пренос на податоци низ софтверот за онлајн конекција’.

Како што пренесуваат од германски „Шпигал“, на новиот автомобил „Golf 8“ не работи копчето за повик во случај на опасност, кое што станало задолжително за сите нови автомобили во ЕУ во 2018-та година.

Од компанијата ја потврдиле таа информација и навеле дека проблемот со асистенцијата за повици во случај на опасност го откриле во текот на контролата на квалитетот во фабриката.

Автомобилскиот гигант не можел да каже колку автомобили се погодени од овој проблем и изјавиле дека прво мора да го известат федералното тело за транспорт.

Потоа, компанијата заедно со германските власти ќе процени колкав број возила ќе треба да бидат ажурирани...

Според неофицијалните податоци, промената на софтверот би требала да биде готова кон средината на месец јуни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk