Непобедливиот УФЦ борач низ солзи: „Многумина од моето семејство се на интензивна нега, некои од нив повеќе не се меѓу нас, а татко ми...“

Супермен

19/05/2020

11:35

3.809

Големина на фонт

а а а

Борачот од Дегестан ја откри тешката ситуација со која што се соочува неговото семејство во кое што има над 20 заразени од Ковид-19.

Непоразениот шампион во УФЦ, во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов моментално ја преживува најголемата драма во својот живот.

Како што соопштил на социјалната мрежа Инстаграм, по пат на видео кое што го објавил вчера вечерта, неговиот татко боледува од Ковид-19 и моментално е во критична состојба, затоа што вирусот преминал на неговото срце кое што минатата година го оперирал, а сега тоа докторите го направиле уште еднаш.

Тој открил дека над 20 луѓе во неговото семејство боледуваат од смртоносниот вирус, а некои од неговите роднини не успеале да преживеат.

„Во мојот случај, над 20 луѓе се болни во семејството. Над 20 луѓе лежеа на интензивна нега и многу од нив повеќе ги нема меѓу нас. Многу мои познаници починаа, многу од родителите на моите роднини. Сите тешко се снаоѓаме со ова“ – изјавил Хабиб кој што дополнително ја појаснил состојбата на неговиот татко, кој што бил во кома.

„На интернет многу работи се пишуваат за мојот татко. Тој моментално е во болница. Во критична состојба е, како резултат на вирусот. Погодено е неговото срце, затоа што минатата година правеше операција, а сега имаше уште една. Тој е во многу тешка ситуација, многу тешка... Го молам Алах да ни го врати“ – порачал Хабиб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk