Позната компанија за 3 минути отпушти 3.500 работници, преку видео порака: „Нашата работа се преполови, мора да...“

Супермен

19/05/2020

13:30

4.454

Големина на фонт

а а а

Пандемијата коронавирус ја погоди економијата како никогаш досега, а американската меѓународна компанија „Uber“, која по пат на мобилна апликација организира превоз за патници, отпуштила 3.500 луѓе.

Веста за намалувањето на работните места, самата по себе е тежок удар за отпуштените, но повеќе е шокантно тоа што компанијата одлучила да им го соопшти тоа на луѓето по пат на видео-конференција.

Пораката дека вработените останале без работа, траела само три минути.

„Нашата работа како приватни возачи се преполови. Сè помалку луѓе патуваат, нашите услуги се помалку барани и моравме да ја рационализираме работата, нема повеќе доволно работа за сите вработени во „Uber“, па одлучивме да ‘згаснеме’ 3.500 работни места“ – изајвил Руфин Севало, менаџер за услуги во Финикс во САД.

На снимката се гледа како една жена плаче додека ја чита пораката дека останува без работа.

„Uber“ е основан во Сан Франциско во 2013-та година, со идеја приватните возачи или пак луѓето да ја поврзат мобилната апликација и превозот на патниците до саканата дестинација, а за многу кратко време се проширила низ земјите во светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk